• среда, 27 ноември 2024

Општина Чаир додели 600 илјади денари помош за Турција

Општина Чаир додели 600 илјади денари помош за Турција

Скопје, 15 февруари, 2023 (МИА) – Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу денеска го пречека тимот на спасувачи на Доброволното здружение на пожарникари „Бајрам Мифтари“ од општина Чаир, кои се вратија од спасувачката акција што ја спроведоа во турските региони погодени од катастрофалниот земјотрес на 6 февруари.

 -Во оваа прилика нашите херои Артан Демири, Хетем Арслани, Сефер Демири и Исуф Јакупи ме информираа за акцијата за спасување човечки животи. Со многу емоции тие раскажаа за ситуацијата во турските градови по земјотресот, како и за моментите на радост што ги почувствувале кога спасувале животи и по 118 часа под урнатините на зградите, изјави градоначалникот Ганиу.

Тој рече дека нема зборови со кои може да се опише нивното херојство, хуманост, храброст, како и на сите членови на спасувачките тимови кои учествуваат во оваа хуманитарна акција во Турција.

Инаку, Општина Чаир вчера додели 600.000 денари финансиска помош за погодените од катастрофалниот земјотрес во Турција. дма/нд/

 
 
 
 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан