• сабота, 23 ноември 2024

Општина Центар: Сопственикот на бутикот „Шејн“ ја отстранува доградбата на улица „Македонија“

Општина Центар: Сопственикот на бутикот „Шејн“ ја отстранува доградбата на улица „Македонија“

Скопје, 17 јануари 2023 (МИА) - Сопственикот на бутикот „Шејн“ денеска започна со отстранување на доградбата на улица „Македонија“, информираа попладнево од Одделението за односи со јавност на Општина Центар.

- По реакциите во јавноста, градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар изврши надзор на бутикот и му издаде решение за отстранување на доградбата, бидејќи за неа не поседува важечко одобрение, вели во пишана изјава градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

По издаденото решение, како што наведуваат од Општина Центар, сопственикот на бутикот од општината побарал дополнителен рок за да ги организира градежните активности, го добил и денеска самиот ги отстранува нелегалните елементи.

- Општина Центар повторно апелира до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти и доградби, да постапуваат по издадените решенија за самостојно отстранување на објектите. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените објекти, нагласуваат од општината. бд/лв/

Остани поврзан