• сабота, 23 ноември 2024

Општина Тетово за второто тромесечие ангажирала 14 луѓе со договор на дело

Општина Тетово за второто тромесечие ангажирала 14 луѓе со договор на дело
Тетово, 11 јули 2022 (МИА) - Од Општина Тетово информираат дека за второто тромесечие од тековната 2022 година биле склучени вкупно 14 договори на дело. Според канцеларија за кумуникации и односи со јавноста, тие лица се ангажирани во различни сектори, а друг дел се ангажирани во Територијалната противпожарна единица (ТППЕ). - Придржувајќи се до максималната транспарентност кон јавноста и почитувајќи ја секоја обврска и одговорност кон граѓаните на Тетово, го објавуваме списокот на сите договори на дело склучени меѓу физички лица и општина Тетово за второто тромесечје од тековната 2022 година. Исто така, ја известуваме јавноста дека сите ангажирани со договор на дело, на крајот од секој месец доставуваат извештај за сработеното. Транспарентноста, отчетноста, одговорноста кон јавноста и кон граѓаните на Тетово, остануваат главен императив на нашата работа, соопштија од Општина Тетово. На 6 април годинава Општина Тетово на својата интернет страница објави список за склучени 78 договори на дело за првите три месеци од тековната 2022 година. ас/цр

Остани поврзан