• петок, 20 јуни 2025

Општина Струмица и за новата учебна година обезбеди еднократна парична помош за семејствата на првачињата

Општина Струмица и за новата учебна година обезбеди еднократна парична помош за семејствата на првачињата

Струмица, 16 мај 2025 (МИА) - И за новата учебна година Општина Струмица обезбеди еднократна парична помош од 2.000 денари за семејства со прваче за прв пат запишано во учебната 2025/2026 година со постојано живеалиште на родителите на подрачјето на општина Струмица.

Според објавата на општинската веб-страница, за остварување на ова право се поднесува барање до градоначалникот во периодот од 16 мај до 30 септември.

Со барањето треба да се приложат и документи, како што се потврда за запишување во прво одделение за прв пат во учебната 2025/2026 година заверена од основното училиште на територијата на Општина Струмица, копија од извод од матична книга на родени за детето, копија од лични карти на двајцата родители/старатели, копија од трансакциска сметка на еден од родителите/старателите, изјава за согласност за користење на лични податоци и барање за еднократна парична помош за прваче.

Документите се поднесуваат до Одделението за услуги на граѓаните и месна самоуправа при Општина Струмица секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот. рт/мд/

Фото: Општина Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан