• среда, 25 декември 2024

Општина Струмица е финансиски стабилна

Општина Струмица е финансиски стабилна
Струмица, 14 март 2021 (МИА) - Во последните четири години видлив е трендот на опаѓање на доспеаните неисплатени обврски на Општина Струмица. Лани, тие биле најмали, со што, според информациите од Секторот за финансиски прашања во Општината, локалната самоуправа покажала голема финансиска стабилност. Во 2017 година износот на обврските бил нешто над 81 милиони, во 2018 година се регистрирани 107.648.915 денари, во 2019 година над 49 милиони денари, а лани обврските изнесуваат над 19 милиони денари. Минатата година, Општината ја наполнила касата со 86 отсто од планираните 1.245.483.901 денари вкупни приходи, а само во основниот буџет процентот на реализацијата е 84 отсто, што претставува највисок процент на реализација во последните четири години, односно собрани се 1.065.399.995 денари кај вкупните приходи и 392.701.564 денари кај основниот буџет од планираните над 459 милиони денари. Дефицит во буџетските ставки се појавува само кај самофинансирачките дејности, каде реализираните расходи се поголеми од реализираните приходи и тоа за 1.582.607 денари кои се покриваат од пренесеното салдо од претходната 2019 година. Извештајот за реализација на буџетот за четвртиот квартал од 2020 година, завршната сметка на буџетот, годишниот извештај на Општината и извештаите за реализација на општинските програми за 2020 година беа усвоени на последната седница на Советот што се одржа во петок. рт/ки/

Остани поврзан