• петок, 05 декември 2025

Општина Радовиш и годинава објави конкурс за стипендирање на ученици од основно и средно образование

Општина Радовиш и годинава објави конкурс за стипендирање на ученици од основно и средно образование

Радовиш, 3 декември 2025 (МИА)-Општина Радовиш и годинава објави конкурс за доделување на вкупно 29 стипендии на ученици од основното и средното образование. За ученици од шесто, седмо, осмо и деветто одеделение висината на стипендијата изнесува 2.500 денари, а за средношколците 3.000 денари.

На основците ќе им бидат доделени 16, на средношколците 13 стипендии по основ на постигнат успех и социјални критериуми.

Сите ученици стипендијата ќе ја добиваат девет месеци, односно во текот на една учебна година.

Заинтересираните треба да ги достават своите барања до 11-ти овој месец во просториите на Општина Радовиш. рт/вг/

Фото: Општина Радовиш

Остани поврзан