• понеделник, 23 декември 2024

Општина Куманово: Почна издавањето решенија за данок на имот за 2024-та и опомени за претходна година

Општина Куманово: Почна издавањето решенија за данок на имот за 2024-та и опомени за претходна година

Куманово, 16 јули 2024 (МИА) - Почна дистрибуцијата на решенијата за данок на имот за 2024 година, а тече и дистрибуцијата на опомени за неплатени долгови за данок на имот за правни лица и за назив на деловна просторија (фирмарина) за претходната година, информираат од Секторот за даноци и такси на Општина Куманово.

- Имаме вкупно 118 опомени по основ на данок на имот за правни лица и 1.761 опомена за неплатена фирмарина за 2023-та година. По целосно завршување на дистрибуцијата на решенијата за данок на имот на физички лица за 2024-та, граѓаните кои не ги платиле даночните обврски за претходната година ќе добијат и опомени до крајот на 2024-та, изјави раководителката на сектоорт, Фросина Краљевска.

Процентот на наплата е солиден и се движи околу 60-тин проценти. Надлежните од секторот очекуваат уште повисока наплата, особено по дистрибуцијата на опомените. За претходната година за назив на деловна просторија, процентот на наплата е 57 проценти, за данок на имот на правни лица наплатата е 58, 87 и за данок на имот на физички лица е 59 проценти.

- Обично се зголемува процентот на наплата и очекуваме до крајот на годината да биде зголемен. Се тече во најдобар ред, се генерираат решенијата во законски предвидениот законски рок, се генерираат опомени, се дистрибуираат. Мора да потенцирам дека даночните обврзници доаѓаат и без да добијат опомени. Имаме ажурни, совесни обврзници кои редовно доаѓаат и сакаат однапред да ди го платата долгот, изјави Краљевска.

На подрачјето на градот има и нови обврзници оние кои стекнуваат имот по основ на купопродажба, подарок, доживотна издршка.

- Автоматски или по службена должност и законската обврска дека по стекнувањето на имотот имаат должност да го пријават имотот и да бидат задолжени. Доколку граѓаните поседуваат имот задолжени се да поднесат пријава до секторот, повика Краљевска.

На подрачје на општина Куманово има околу 37.000 обврзници. ам/мч/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан