• сабота, 23 ноември 2024

Општина Крива Паланка доделува субвенции за студенти за набавка на дигитални уреди 

Општина Крива Паланка доделува субвенции за студенти за набавка на дигитални уреди 

Крива Паланка, 3 јули 2024 (МИА) - Студентите од Крива Паланка кои купиле дигитални уреди во студентската, академска, 2023-2024 година, можат да аплицираат за субвенционирање на уредот од страна на Општина Крива Паланка.

-Согласно програмските мерки за поддршка на млади, од буџетот на Општина Крива Паланка ќе им се надомести дел од трошоците во износ од 50 отсто од вредноста на дигиталниот уред, но не повеќе од 6 000 денари во нето износ по лице. Право на субвенции имаат студентите запишани на додипломкси студии од прв циклус, со адреса на живеење на подрачјето на oпштина Крива Паланка, а аплицирањето трае до 30 октомври. Ги поддржуваме младите, го помагаме образовниот процес на студентите од општината и втората година по ред, покрај останатите мерки за поддршка на млади, субвенционираме и набавка на дигитални уреди за потребите на студентите, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка

Оттаму посочуваат дека условите и критериумите за аплицирање се достапни на веб страната на Општина Крива Паланка: https://www.krivapalanka.gov.mk/novosti/38350

Јавниот повик трае до 30 октомври 2024, а  службеникот за млади во Општина Крива Паланка континуирано ќе објавува информации за степенот на искористеност на предвидените средства за субвенционирање и за преостанатите средства за оваа намена.

Барања ќе можат да се поднесуваат и по завршување на јавниот повик доколку предвидените средства не бидат целосно исцрпени, но не подоцна од 30 ноември годинава. ид/дма/

Фото: плакат

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан