• вторник, 23 јули 2024

Општина Кичево со онлајн музичко дружење за 1 Мај

Општина Кичево со онлајн музичко дружење за 1 Мај
Кичево,30 април 2020 (МИА) - Општина Кичево најавува дека за 1 Мај со онлајн музичко дружење од кичевското Китино кале ќе ги забавува своите граѓани. -Во овие тешки денови кога ништо не е вообичаено и исто, сите сме жедни за дружба и позитивен вајб. Овој 1 Мај, ќе биде невообичаен, уникатен со онлајн музичко дружење. Рум8- бар и екипата на X- Креатив, во соработка со општина Кичево, ќе се погрижат за тоа, директно од кичевското Кале со лајвстрим, да ви ја донесат журката во вашитe домови. На Китиното Кале ќе излезат диџејот Дејан Цветаноски и таканаречениот „Резидентен диџеј од Рум8-бар" , со свои сетови, затоа излезете на балкон да се забавуваме, се вели во соопштението на општина Кичево. Лајвстримот ќе почне во 20:30 и ќе трае до 22:00 часот , и ќе се пренесува и преку официјалната интернет страна на градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари, пишува во најавата за овој настан. рз/ир

Остани поврзан