• сабота, 14 февруари 2026

Општина Кисела Вода: Атмосферската канализација во Бирарија во завршна фаза

Општина Кисела Вода: Атмосферската канализација во Бирарија во завршна фаза

Скопје, 13 февруари 2026 (МИА) - Атмосферската канализација во Бирарија е во завршна фаза, соопштија денеска од Општина Кисела Вода.

- Интензивно продолжуваат градежните активности на улицата Томе Арсовски во населбата Бирарија, каде што пред помалку од еден месец започна изградбата на атмосферската канализација. До овој момент е изведено околу 75 проценти од вкупната должина на инфраструктурниот зафат. Следна фаза е поставување на сливници, со што ќе се овозможи ефикасно и безбедно одведување на атмосферските води. Овој чекор ќе придонесе за подобрување на условите и секојдневното функционирање на жителите во населбата, пишува во соопштението.

Во пишаната изјава на градоначалничката Бети Стаменкоска - Трајкоска, се истакнува дека преку вакви системски и одговорни инвестиции, се обезбедуваат трајни инфраструктурни решенија и директно се одговара на реалните потреби на граѓаните. бд/са/

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан