Општина Карпош: Целосно реконструиран вториот дел од улицата „Козле 3“ во Нерези
- СООПШТЕНИЕ: Оваа сообраќајница е во должина од 300 метри квадратни, а од буџетот на Општина Карпош, издвоени се 3.311.670,12 денари.
![Општина Карпош: Целосно реконструиран вториот дел од улицата „Козле 3“ во Нерези](https://mia.mk/index.php/images/20240703154109_big_730x400_45.webp )
Скопје, 3 јули 2024
Денеска се реализирање завршната фаза од целосната реконструкција на вториот дел од улицата Козле 3 во урбаната заедница Нерези. Оваа сообраќајница е во должина од 300 метри квадратни, а од буџетот на Општина Карпош, издвоени се 3.311.670,12 денари. Изведувач на градежните работи е Друштвото за градежништво, трговија и услуги, ,,Гама Градба” ДООЕЛ Скопје.
Во изминатиот период, локалната самоуправа издвои финансиски средства за асфалтирање и обновување на неколку краци од улици како и поголеми сообраќајници, со цел граѓаните на Карпош, да се движат по безбедни и реконструирани улици.
Општина Карпош
Фото: Општина Карпош
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.