• петок, 27 декември 2024

Општина Илинден: Интензивно се работи на новиот важен кружен тек

Општина Илинден: Интензивно се работи на новиот важен кружен тек

Скопје, 20 април 2023 (МИА) - Во Општина Илинден интензивно се работи на изградбата на новиот кружен тек на влезот во Општината. Во текот на вчерашниот ден е извршено комплетно асфалтирање во два слоја. Овој кружен тек е на важна крстосница, ги опфаќа главните улици „2“, „8“, „9“ и новопроектираната улица „10“ на влезот во Илинден, информираат од Општината.

- Градоначалникот Александар Георгиевски направи увид на терен и истакна дека градежните работи се одвиваат со брза динамика и наскоро граѓаните на Илинден ќе добијат комплетно уреден кружен тек, што ќе придонесе поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот во овој фреквентен дел од општината. Во рамки на проектот се планира партерно и хортикултурно уредување, како и јавно осветлување на просторот каде ќе се наоѓа новиот кружен тек, се наведува во соопштението.

Дополнително, како што се додава во соопштението, улиците и кружниот тек ќе бидат сообраќајно хоризонтално и вертикално обележани, согласно сообраќајниот проект за траен режим на сообраќај. бд/сп/

ФОТО: Општина Илинден

Остани поврзан