• петок, 27 септември 2024

Општина Илинден: Извршена есенска дератизација и дезинфекција

Општина Илинден: Извршена есенска дератизација и дезинфекција

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - Во согласност со програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2024 година, Општина Илинден изврши есенска дератизација за уништување на глодарите и дезинфекција на јавните објекти на територија на општината, информираат вечерва од локалната самоуправа.

- Со дератизацијата се опфатени 1.096 шахти што се наоѓаат на јавните површини во општина Илинден, а дезинфекција е извршена на 3.300 метри квадратни јавни објекти. Во насока на спречување и сузбивање на заразни болести и инфекции, Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со примена на сите потребни мерки за заштита на населението, се истакнува во соопштението. бд/дма/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан