• понеделник, 23 декември 2024

Општина Зрновци обезбеди службено возило со поддршка од ЗЕЛС

Општина Зрновци обезбеди службено возило со поддршка од ЗЕЛС

Кочани, 10 октомври 2024 (МИА) – Општина Зрновци денеска обезбеди службено патничко возило за потребите на општинската администрација, со што поефикасно и полесно ќе се извршуваат работните задачи. Возилото од марката „опел астра“ е добиено како подарок од Заедницата на единиците на локалните самоуправи (ЗЕЛС), за што нејзиниот претседател Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Зрновци Борчо Коцев потпишаа договор.

-Нашата општина беше меѓу ретките, можеби и единствена во државата, што не располагаше со службено патничко возило, иако потребата за тоа беше голема, поради што бевме принудени да ги користиме сопствените автомобили. Старото општинското возило, набавено пред околу две децени, постојано беше во дефект, со високи трошоци за сервисирање и одржување, така што немаше економска оправданост да се користи. Благодариме на разбирањето што го имаа во Управниот одбор на ЗЕЛС, како и на директораката Перишиќ и претседателот  Ѓорѓиевски, ни отстапија половно возило, кое е во добра возна состојба, истакна градоначалникот Коцев.

Скромниот буџет со кој располага една од најмалите општини во државата ја принудува на рационално и наменско трошење на средствата. Во тие рамки, а со оглед на потребите за комунално уредување, кон крајот на март годинава беа инвестирани околу 5,5 милиони денари од буџетот, со кои е набавена градежна машина ровокопач-утоварувач. та/мд/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан