Општина Демир Хисар се вклучи во кампањата „Општина на дланка“
- Општина Демир Хисар се вклучи во кампањата „Општина на дланка“, проект на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите што се реализира во соработка со Министерството за локална самоуправа.
Демир Хисар, 19 ноември 2024 (МИА) - Општина Демир Хисар се вклучи во кампањата „Општина на дланка“, проект на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите што се реализира во соработка со Министерството за локална самоуправа.
Цел на кампањата е да се зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинската веб-страница, соопштија од Општина Демир Хисар.
-Нашата општина активно соработува во овој проект со цел подобрување на управувањето со општинските јавни финансии, поефикасно планирање и извршување на буџетот, зголемување на фискалната транспарентност и отчетност, унапредување на прибирањето приходи од сопствени извори, поголем пристап до надворешни извори на финансирање и создавање услови за вклучување на приватниот сектор. Низ кампањата „Општина на дланка“ ќе ги информираме граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им се обезбеди полесен пристап до општинските услуги, информираа од тамошната локална самоуправа.
Во рамките на кампањата, редовно ќе бидат ажурирани општинските комуникациски канали со нови информации во надлежност на општината кои ќе ги поттикнат граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување и да бидат активно информирани за функционирањето на општината, порачаа од Општина Демир Хисар и упатија повик до граѓаните да се приклучат на иницијативата и да ја поддржат кампањата, која ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа. мт/сст/
фото: МИА