• понеделник, 23 декември 2024

Општина Велес од данок на имот собрала 14 милиони денари, крајниот рок за 2023 е 15 ноември

Општина Велес од данок на имот собрала 14 милиони денари, крајниот рок за 2023 е 15 ноември

Велес,16 октомври 2023 (МИА) - Во првите 9 месеци од годинава заклучно со септември 75 отсто од домаќинствата во Велес го платиле данокот на имот со што во опшинската каса се собрале вкупно 14 милиони денари. Од правните лица односно од фирмите од данок на имот заклучно со септември се собрани 4,9 милиони денари односно платиле само 44 отсто од фирмите даночни обврзници, информираат од Општина Велес.

Тие од физичките лица до крајот на годинава очекуваат да соберат уште пет милиони денари, а од правните субјекти фирмите уште 30 проценти.

Од Општина Велес, издадоа опомени до правните и физички лица кои сеуште  не платиле данок на имот, а крајниот рок за плаќање е 15 ноември годинава. ад/ев/

Остани поврзан