Општина Битола се вклучи во проектот на УСАИД „Здружи се за заедницата“
- Општина Битола се вклучи во проектот на УСАИД „Здружи се за заедницата“ спроведуван од „Конект“, во партнерство со Фондација Аполонија, Индиго и ЕВН, кои своите активности ги реализираат и во општините Гевгелија, Гостивар, Охрид, Струмица, Чаир, Шуто Оризари, а сега и во Битола.

Битола, 19 декември 2024 (МИА) - Општина Битола се вклучи во проектот на УСАИД „Здружи се за заедницата“ спроведуван од „Конект“, во партнерство со Фондација Аполонија, Индиго и ЕВН, кои своите активности ги реализираат и во општините Гевгелија, Гостивар, Охрид, Струмица, Чаир, Шуто Оризари, а сега и во Битола.
Со овој проект општината ќе воведе нова дигитална алатка, која ќе ја зголеми соработката со граѓаните и ќе овозможи службите на општината да можат соодветно и навремено да одговорат на потребите на граѓаните.
Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека во рамки за реализација на планираните активности од проектот, секретарот на општината Борче Димитровски, присуствувал на стратешката средба, организирана од здружението Конект, на која е презентирана досегашната локална имплементација на платформата за граѓанско учество Комунити, прва интерактивна веб и мобилна апликација која овозможува директна комуникација помеѓу граѓаните и општините. мт/цр
Фото: Општина Битола