Опозициски пратеници во парламентот на Унгарија запалија димни бомби за време на седница
- Пратениците на опозицијата во унгарскиот парламент запалија димни бомби за време на гласањето по забрзана процедура за забрана за одржување на Парадата на гордоста во земјата.

Будимпешта, 18 март 2025 (МИА) – Пратениците на опозицијата во унгарскиот парламент запалија димни бомби за време на гласањето по забрзана процедура за забрана за одржување на Парадата на гордоста во земјата.
Пратениците од опозициската партија Моментум запалија димни бомби, по што чад во различни бои ја покри собраниската сала, а покажаа и фотомонтажи на кои се гледа како унгарскиот премиер Виктор Орбан и рускиот претседател Владимир Путин се бакнуваат, јавија светските агенции.
Законот усвоен денеска им дозволува на властите да користат софтвер за да ги идентификуваат учесниците на потенцијални собири на ЛГБТКју заедницата. јт/
Фото: Х