• среда, 27 ноември 2024

ОН: Израелските напади врз инфраструктурата и студеното време во Газа го оневозможуваат животот

ОН: Израелските напади врз инфраструктурата и студеното време во Газа го оневозможуваат животот

Газа, 26 јануари 2023 (МИА) - Постојаните напади врз инфраструктурата и студените временски услови во Појасот Газа ја направија палестинската енклава целосно непогодна за живеење, соопшти денеска канцеларијата за човекови права на Обединетите нации.

„Се плашам дека повеќето од цивилите ќе загинат“, изјави шефот на Канцеларијата на ОН за окупираните палестински територии, Аџит Сунгај.

Во континуираните напади на специјално заштитени објекти, како што се болниците, се убиваат цивили и ќе имаат дополнително, огромно влијание врз пристапот до здравствената заштита и безбедноста воопшто за Палестинците.  Во израелската офанзива загинаа повеќе од 26 илјади Палестинци, соопштија здравствените власти во Газа.

Сунгај рече дека неговата канцеларија е загрижена поради дождливото и студено време во Газа.

„Ова беше целосно предвидливо за овој дел од годината и ризикува да ја направи и онака нехигиенската состојба целосно ненаселлива за жителите“, предупреди тој.

Повеќето од нив немаат топла облека или ќебиња. Северна Газа, каде што продолжуваат израелските воени бомбардирања, е едвај достапна, дури и за основна хуманитарна помош.

Сунгај нагласи дека би било катастрофално ако бомбардирањата или уличните борби што моментално се водат во Кан Јунис се преселат на југ во Рафа, каде што речиси 1,3 милиони луѓе побегнале од другите делови на Појасот. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан