• сабота, 11 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Олимпијакос ќе го продолжи договорот со Фурние

Олимпијакос ќе го продолжи договорот со Фурние

Атина, 24 јули 2025 (МИА) - Бекот Еван Фурние ќе потпише нов договор со Олимпијакос.

Според инсајдерот Матео Андреани, 32-годишниот француски кошаркар ќе се обврзе на тригодишна соработка со атинските „црвено-бели“.

Платата на играчот ќе биде околу 2,7 милиони евра годишно.

Во својата прва сезона откако се пресели од НБА, Фурние имаше просек од 16,1 поен, 2,2 скока, 2,6 асистенции и 1,1 украдена топка по натпревар во Евролигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан