Олимпискиот кошаркарски турнир во 2028 година ќе започне два дена пред церемонијата на отворање
- Олимпискиот кошаркарски турнир во Лос Анџелес 2028 година ќе започне на 12 јули, два дена пред церемонијата на отворање, објави ФИБА.
Лос Анџелес, 21 август 2025 (МИА) - Олимпискиот кошаркарски турнир во Лос Анџелес 2028 година ќе започне на 12 јули, два дена пред церемонијата на отворање, објави ФИБА.
Не е јасно дали турнирот во машка или женска конкуренција ќе започне на тој датум, или и двата. Прелиминарниот распоред вклучува по три натпревари на 12 и 13 јули.
-Оваа промена ќе овозможи четвртфиналните натпревари да се играат во текот на два дена, а исто така ќе обезбеди ниту еден натпревар да не започне пред пладне, подобрувајќи го целокупното искуство за играчите, тимовите, навивачите и телевизиските куќи, соопшти ФИБА во соопштение за медиумите.
Натпреварите за бронзен медал ќе се играат на 28 и 29 јули, а натпреварите за златен медал на 29 и 30 јули (последниот ден од Игрите).
На Олимписките игри во Париз 2024 година, американските тимови ги освоија златните медали и во машка и во женска конкуренција. зс/
Фото. ЕПА