• сабота, 09 ноември 2024

ОЛАФ ја заврши истрагата за злоупотреби со ИПАРД 2 фондовите во Албанија

ОЛАФ ја заврши истрагата за злоупотреби со ИПАРД 2 фондовите во Албанија

Брисел, 5 октомври 2023 (МИА) - Канцеларијата за борба против измами на Европската комисијата (ОЛАФ) ја заврши истрагата за корупција при исплатата на средствата од ЕУ за Албанија преку земјоделската програма ИПАРД 2, која започна во јули годинава.

Како што објави „Еуроактив“, засега нема детали за истрагата или нејзините наоди, бидејќи според извори во ОЛАФ, таквите информации би можеле да ги загрозат следните фази во постапката. Извештајот од истрагата веќе е доставен до албанската Влада и сега се очекува нејзин одговор.

Во рамки на програмата за претпристапна помош ИПАРД 2, намената за поддршка на руралниот развој и реформи, во периодот од 2014 до 2020 година на Албанија и биле исплатени 71 милион евра, а дополнителни 112 милиони евра земјата доби со стартот на ИПАРД 3 во 2021 година. Но, по објавувањето на инфорамцијата дека ОЛАФ започнал истрага, ЕУ ја стопира понатамошна исплата на средства од ИПАРД 3 за Албанија. 

Според извори во ЕК, станува збор за мерки на претпазливост врз основа на прелиминарните информации обезбедени од ОЛАФ. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан