• среда, 27 ноември 2024

Околу 26 милиони Американци пијат вода загадена со „вечни хемикалии“

Околу 26 милиони Американци пијат вода загадена со „вечни хемикалии“

Вашингтон, 18 август 2023 (МИА) - Водата за пиење во милиони американски домови е загадена со „вечни хемикалии“, објавија британските медиуми.  

Податоците од Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА) покажуваат дека водата е загадена со опасни нивоа на токсични хемикалии.

Се прецизира дека водата што ја пијат околу 26 милиони Американци е загадена. Студиите ги поврзуваат тие хемикалии со рак, имунодефициенција, репродуктивна штета и развојни ефекти кај децата.

Според податоците, во 220 системи за вода се пронајдени одредено ниво на хемикалии PFOA, PFOS или и двете во нивната вода за пиење, што значи дека околу еден од 10 системи за вода за пиење засекогаш ќе ги содржи двете најопасни хемикалии.

Во соопштението, претставници на Агенцијата рекоа дека новите податоци од мониторингот дополнително ќе помогнат да се информираат какви активности треба да се преземат за заштита на водата за пиење. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан