• сабота, 20 декември 2025

Од 10:50 часот, сообраќајот за ТМВ на патниот правец кон ГП Блаце се пренасочува поради сообраќаен метеж

Од 10:50 часот, сообраќајот за ТМВ на патниот правец кон ГП Блаце се пренасочува поради сообраќаен метеж

Скопје, 30 мај 2025 (МИА) - Од 10:50 часот, сообраќајот за товарни моторни возила - ТМВ на патниот правец кон ГП Блаце се пренасочува, поради сообраќаен метеж, соопштија од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. цр/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан