Од 10:30 до 12:30 часот утре без струја ќе биде подрачјето на Долна Река
- Во текот на утрешниот ден, два часа без напојување со електрична енергија ќе биде подрачјето на Долна Река, општина Маврово и Ростуше, информираа од општината.

Скопје, 27 септември 2022 (МИА) - Во текот на утрешниот ден, два часа без напојување со електрична енергија ќе биде подрачјето на Долна Река, општина Маврово и Ростуше, информираа од општината.
- Општина Маврово и Ростуше ги известува своите граѓани дека на 28.09.2022 година (среда) во периодот од 10:30 до 12:30 часот ќе има прекин на електрична енергија во Долнореканскиот регион, стои во соопштението.
Прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради технички зафат на елетричната мрежа. вт/ев/