• сабота, 23 ноември 2024

Од 1 мај Коринтскиот канал ќе биде отворен за пловидба

Од 1 мај Коринтскиот канал ќе биде отворен за пловидба

Атина, 27 март 2024 (МИА) – Коринтскиот канал што го одвојува Пелопонез од континентална Грција, од 1 мај 2024 година ќе биде достапен за пловидба во пресрет на туристичката сезона, соопштија од надлежната компанија, јави дописничката на МИА од Атина. 

Коринтскиот канал најчесто во текот на зимскиот период е затворен за пловидба и се изведуваат работи на падините на каналот за да се избегнат одрони, но и за биолошко чистење, како што беше случај во изминатите месеци, откако беше затворен по ланската туристичка сезона.

Лани каналот беше отворен од 1 јуни до крајот на септември.

Коринтскиот канал, изграден во периодот од 1880 до 1893 година го поврзува Коринтскиот Залив во Јонското Море со Саронскиот залив во Егејското Море и го одвојува Пелопонез од континенталниот дел на Грција.

Вкупната должина на Коринтскиот канал е 6.343 метри, длабочината е 8 метри, максималната безбедна ширина за пловидба е 24,60 метри на површината на морето и 21 метар на дното, додека, пак, максималната безбедна висина за пловидба е ограничена на 52 метри поради мостовите над каналот. ср/паг/

Остани поврзан