• недела, 22 декември 2024

Од утре се укинува карантинот во Банско

Од утре се укинува карантинот во Банско
Софија, 30 март 2020 (МИА) - Четиринаесет дневниот карантин во бугарскиот туристички центар Банско се укинува од утре доцна попладне.

Се укинува и забраната за влез и излез од градот, изјави денеска бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев.

Според него, во Банско ќе продолжат да се применуваат антиепидемиските мерки, кои важат на територијата на цела Бугарија. гт/

Остани поврзан