Од Струмица почна реализацијата на иницијативата на полицијата „До Вас, за Вас“
- На влезот во Градскиот парк во Струмица полицијата претстави дел од својата опрема и возила кои се користат во извршувањето на секојдневни задачи.
![Од Струмица почна реализацијата на иницијативата на полицијата „До Вас, за Вас“](https://mia.mk/index.php/images/20241014140729_big_730x400_90.webp )
Струмица, 14 октомври 2024 (МИА) - Од Струмица денескја МВР ја почна иницијативата „До Вас, за Вас“ во рамки на концептот „Полицијата-сервис на граѓаните“.
На влезот во Градскиот парк во Струмица полицијата претстави дел од својата опрема и возила кои се користат во извршувањето на секојдневни задачи.
Почетокот на иницијативата ја означи Александар Јанев, директор на Бирото за јавна безбедност, кој ги посети сите поставени штандови со опремата, а граѓаните непосредно ги запозна со задачите и целите на полицијата. рт/цр
Фото:МИА