• вторник, 24 декември 2024

Од Куманово и Илинден почна информативнта кампања „ИПАРД 3 - нови можности за македонското земјоделство“

Од Куманово и Илинден почна информативнта кампања „ИПАРД 3 - нови можности за македонското земјоделство“

Скопје, 12 септември 2023 (МИА) - Од Куманово и Илинден почна Инфорамтивната тернска кампања за презентација на новостите и можностите со новата ИПАРД 3 програма, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Според МЗШВ, кампањата „ИПАРД 3 - нови можности за македонското земјоделство“ има за цел да ги доближи до секој еден потенцијален корисник сите новости и можности што се нудат.

-Први во регонот ја почнавме реализацијата на новата ИПАРД 3 програма вредна 97 милиони евра, европски неповратни средства, поврдувајќи го лидерското место. На 1 септември го распишавме првиот јавен повик од новата ИПАРД 3 програма кој се однесува за мерките 1 и 7 и на располагање ги ставивме првите 30 милиони евра за инвестциии преку новата ИПАРД 3 програма. Првиот јавен повик ги опфаќа мерките 1 и 7 однсно мерката 1 - Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства и мерката 7 - Диверзификација на фарми и развој на бизниси. Овој јавен повик е отворен до 15 октомври, со можност за продолжување до 1 ноември 2023 година, наведува МЗШВ.

Информативните презентации ги спроведуваат претставници на секторот ИПАРД при МЗШВ и Платежната Агенција, детално објаснувајќи ги новостите од ИПАРД 3 програмата, како и можностите за инвестиции со првиот јавен повик од ИПАРД 3 за мерките 1 и 7.

-Сите заинтересирани корисници или група граѓани кои пројавуваат интерес за одржување инфо средба за да се запознаат со новата ИПАРД 3 програма, може по електронски пат да закажат средба на меил адресата info@ipard.gov.mk или телефонски преку секторот за ИПАРД при МЗШВ https://rb.gy/0rbab, информира МЗШВ. мч/цр

фото: МЗШВ

Остани поврзан