Од задутре трето прскање против комарци во шест општини од Југоистокот
- Од задутре до 11 овој месец во шест општини од Југоисточниот плански регион ќе се организира трето прскање против комарци и ларвицидна дизенсекција, сопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. На 9 и 10 август ќе се прска против комарци во општините Василево, Ново Село и Босилово, а на 10 и 11 во Гевгелија, Дојран и Струмица.

Струмица, 7 август 2023 (МИА) - Од задутре до 11 овој месец во шест општини од Југоисточниот плански регион ќе се организира трето прскање против комарци и ларвицидна дизенсекција, сопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
На 9 и 10 август ќе се прска против комарци во општините Василево, Ново Село и Босилово, а на 10 и 11 во Гевгелија, Дојран и Струмица.
Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат во перодите кога ќе се прска. рт/сст/
Фото:МИА архива