Од денеска ЈП Лајка ќе заловува бездомни кучиња во општина Гази Баба
- Од денеска заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе почне со стратешко заловување бездомни кучиња кои немаат поминато хуман третман во општина Гази Баба.
Скопје, 31 јули 2023 (МИА) - Од денеска заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе почне со стратешко заловување бездомни кучиња кои немаат поминато хуман третман во општина Гази Баба.
-Нашиот тим на заловувачи оваа недела од 31 јули до 4 август ќе заловува во општина Гази Баба и тоа во следните реони: Железара, Фабрика Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово, информираат од ЈП Лајка.
Втората недела од стратешкото заловување од 7-ми до 11 август тимот на ЈП Лајка ќе заловува во Раштак, Булачани, Виниче, Црешево, Смилковци, Страчинци и Брњарци.
-Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман. Доколку граѓаните од гореспоменатите реони имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на info@lajka.com.mk, велат од претпријатието.
Исто така, граѓаните може и да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го однесат во стационарот на ЈП Лајка со претходна најава. сст/дма/
Фото: ЈП Лајка