• недела, 29 декември 2024

Од денеска задолжителна маска за сите во супермаркетите во Грција

Од денеска задолжителна маска за сите во супермаркетите во Грција
Атина, 18 јули 2020 (МИА) - За вработените и потрошувачите во супермаркетите во Грција, од денеска е задолжително носењето маска, а во спротивно, предвидена казна од 150 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Во Грција, првпат се воведува оваа мерка, со оглед на тоа дека во првата фаза од укинувањето на рестрикциите и карантинот на почетокот на мај, за супермаркетите, маската беше задолжителна само за вработените што работат со прехранбени продукти кои не се спакувани, а не и за клиентите. Единствено досега, постоеше препорака за носење. Министерот за развој и инвестиции на Грција Никос Папатанасис, говорејќи за грчката телевизија „Скај“ рече дека не е тешко да се спроведе мерката и упати апел до супермаркетите да имаат на располагање маски, во случај некој од муштериите да нема. Министерската одлука објавена синоќа во Службен весник на Грција е во сила до 26 јули.ср/

Остани поврзан