• понеделник, 17 март 2025

Од денеска до 14 април времен режим на експресениот пат Ранковце – Крива Паланка

Од денеска до 14 април времен режим на експресениот пат Ранковце – Крива Паланка

Крива Паланка, 17 март 2025 (МИА) – Поради поставување сообраќајна сигнализација и дилатации на еластичната одбојна ограда, сообраќајот на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка од денеска до 14 април ќе се одвива со изменет режим.

Фирмата – изведувач „Гранит“ АД Скопје информира дека активностите ќе се реализираат согласно одобрение за времена измена на режим на сообраќај од Министреството за транспорт издадено на 14 март 2025 година, а активностите на терен ќе почнат денеска.

-Ве известуваме дека на 17 март 2025 година ГД „Гранит“ АД Скопје ќе почне со градежни активности за монтажа на дилатации на еластична одбојна ограда на вијадукти и поставување на сообраќајна сигнализација на експресен пат А2, Ранковце-Крива Паланка, делница Крива Паланка – Длабочица, соопштија од „Гранит“.

Времениот режим ќе се одвива до 14 април 2025 година. ид/мд/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан