• петок, 08 ноември 2024

Од денеска времен режим на сообраќај на патот Велес - Градско и од Ново Лагово до Боротино

Од денеска времен режим на сообраќај на патот Велес - Градско и од Ново Лагово до Боротино
Скопје, 28 септември 2022 (МИА) - Поради градежни работи за „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градскo”, наведената делница ќе биде затворена за сообраќај од денеска па во наредните девет месеци, согласно одобрениот Времен режим на сообраќај. Од денеска започнуваат градежни зафати (асфалтирање) и на патниот правец R2339 од Ново Лагово до Боротино, сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци од 09ч. до 16.00ч секој ден освен недела. Се препорачува на учесниците во сообраќајот кои ќе се движат кон Галичани да се упатуваат кон Беровци, а оние учесници во сообраќајот кои ќе се движат кон Боротино да се упатуваат кон Веселчани. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. вг/

Остани поврзан