Од владината седница: Динамизирање на соработката и што поскоро одржување на наредната сесија на Стратешкиот дијалог
- Владата на денешната седница го утврди Планот за активности во рамки на Стратешкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и САД со период на реализација од 2023-2033 година, предложен од

Скопје, 7 февруари 2023 (МИА) - Владата на денешната седница го утврди Планот за активности во рамки на Стратешкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и САД со период на реализација од 2023-2033 година, предложен од Министерството за надворешни работи.
- По успешно одржаниот Стратешки дијалог со САД (02.06.2022 година), од страна на Министерството за надворешни работи, а во координација со другите релевантни институции, е пристапено кон подготовка на документи, со содржани предлог проекти за соработка со САД (остварливи на краток и долг рок), а на основа на дискусиите и добиената поддршка во рамки на Стратешкиот дијалог, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Утврдувањето конкретни проекти за соработка на основа на разговорите во рамки на Стратешкиот дијалог – преточени во План на активности, според посочувањето од Министерството за надворешни работи, се посочува во соопштението, ќе овозможи динамизирање на соработката и што поскоро одржување на наредната сесија на Стратешкиот дијалог.
Задолжено е Министерството за надворешни работи да го следи текот на реализацијата на проектите наведени во Планот и на секои шест месеци да поднесува извештај до Владата. цр/аа/