• недела, 29 септември 2024

Од верските календари

Од верските календари
18 април 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 април. Денеска е Велика Сабота. Својата проповед за небесното царство, т.е. за блажениот, спокоен и радосен живот, Христос ја започна на свои 30 години и проповедаше 3 години. Но, како Бог тој не замолкна како што секој човек замолкнува со својата смрт, туку и вистински мртов како човек продолжуваше да проповеда на оние што од почетокот на времето и човечкиот род умреа од бодилото на смртта. Велика Сабота е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Благословена Марија од Втелотворување. Била родена во 1566 година, во Париз. На 16-годишна возраст чувствувала дека Господ ја повикува во редовнички живот. Но, според планот на нејзините родители, на 30-годишна возраст се омажила и била примерна жена и мајка. Учела како светоста може да се постигнува и надвор од манастирот. Во тоа и помогнал свети Фрањо Салешки. Во 1613 година нејзиниот сопруг се разболел. Кога тој умрел, Марија се тешела со Господовото просветлување кое ја спасило, а потоа веднаш стапила во кармеличанскиот ред. Умрела во 1618 година. ###

Остани поврзан