• четврток, 29 август 2024

Од верските календари

Од верските календари
11 април 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 март. Денеска е Св. Марко Исповедник, епископ на Аретусија, во Сирија. Преподобен Марко живеел во времето на царот Константин. Во тоа време, тој разурнал некој незнабожечки храм и многумина превел во христијанството. Но, кога на царскиот престол дошол Јулијан Отстапникот, кој го подржувал старото паганство, граѓаните на Аретусија му се спротивставиле на преподобен Марко, барајќи од него повторно да го изгради храмот или да плати голема оштета. Но, откако веќе стариот светител го откажа и едното и другото, беше ставен на маки и кога храбро ги издржа своите измачувања повторно беше пуштен на слобода. Неговото исповедништво допре до многу аретусиски граѓани кои откако примија поука од старецот, повторно се вратија во христовата вера. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Велика Сабота. По ноќната света Миса, т.е. свечената литургијата по повод Велигден време е за радост која трае педесет денови т.е. до празникот Духови. Во библиските записи кои денеска ќе се читаат на свечената света Миса, верниците ќе се припомнат на сите Божји добродетелства низ човечката историја, како и на еден од најголемите Негови добродетелства, дека починал за нашите гревови и по три денови славно воскреснал. ###   ###

Остани поврзан