• среда, 27 ноември 2024

Одржана конститутивна седница на Советот на Општина Градско

Одржана конститутивна седница на Советот на Општина Градско
Велес, 5 ноември 2021 (МИА) – Новиот состав на Советот на Општина Градско денеска ја одржа конститутивната седница. Мирјана Ѓорѓиева од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ беше избрана за нов претседател на Советот на Општина Градско . Со седницата раководеше најстариот член на Советот, Боне Спасовски од коалицијата на СДСМ. За претседател на Комисијата за верификација, мандатни прашања, избори и именувања е избран Тоше Петровски од ВМРО-ДПМНЕ, а за членови Даниел Мирчов од ВМРО-ДПМНЕ и Маја Андовска од СДСМ. Втората седница на Советот на Општина Градско ,на која ќе се прави ребаланс на буџетот, е закажана на 11 ноември, в четврток. Советот на Општина Градско е составен од девет члена од кои пет се од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а четворица се од коалицијата на СДСМ. ад/вг/

Остани поврзан