• сабота, 22 март 2025

Одеса под напад на руски дронови

Одеса под напад на руски дронови

Киев, 21 март 2025 (МИА) – Три лица се повредени во денешниот руски напад со дронови врз Одеса. Во градот прекинато е снабдувањето со електрична енергија, што укажува на можно оштетување на енергетската инфраструктура.

Нападот предизвикал големи пожари на цивилната инфраструктура, на комерцијалните објекти и возила. Над 20 пожарникарски возила и повеќе од 70 луѓе ги гаснеа пожарите.

Нападот се случи непосредно пред чешкиот претседател Петер Павел утрово да ја посети Одеса.

Во меѓувреме, Русија ја обвини Украина за кршење на договорот за прекин на огнот поради нападот врз постројката за гас во регионот Курск. Украина ги отфрла обвинувањата. ми/

фото: Икс 

Остани поврзан