• понеделник, 23 декември 2024

Одеса нападната со ракети од Крим

Одеса нападната со ракети од Крим

Одеса, 19 октомври 2024 (МИА) - Како резултат на ракетен напад врз Одеса синоќа, според прелиминарните податоци, причинета е штета на трикатна зграда и повеќе од 10 приватни куќи, објави вршителот на должноста градоначалник на Одеса, Александар Филатов на официјалниот градски канал на Телеграм.

Според првичните информации, во моментов нема загинати или повредени. Спасувачките екипи од оперативните служби работат на терен.

Локалните власти ги повикуваат жителите на Одеса и регионот да се вратат во засолништата додека не стивне тревогата, која продолжува. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан