• понеделник, 23 декември 2024

Одделот за авијација на Хонда помогнал со Ф1 моторот

Одделот за авијација на Хонда помогнал со Ф1 моторот
Токио, 8 јануари 2020 (МИА) - Одделот за авијација на Хонда - „Хонда џет“ - им помогнал на своите колеги од Ф1 да решат сериозен проблем со сигурноста. Нивната заедничка работа започнала по низата проблеми со автомобилите што доведоа до пропаѓање на партнерството меѓу јапонската компанија и Мекларен во 2017 година. Всушност, Торо Росо, кој стана клиент на Хонда во 2018 година, имаше доволно среќа да ја искористи ажурираната архитектура на моторот. Интервенцијата на „Хонда џет“ брзо почна да се чувствува. Проблем со Ф1 моторот биле вибрациите што беа предизвикани од високиот број вртежи во минута - како по правило, вртежите во минута може да достигнат 125.000 во минута. Од Хонда Ф1, не можеа да се справат и се обратиле кон „Хонда џет“ - со моторите на авионите, важно е тие да бидат апсолутно совршени при нивната работа. Инженерите во одделот на јапонската авиокомпанија беа во можност да им помогнат на своите колеги да го преправат моторот за да можат да се контролираат вибрациите. Резултатот не е доцни - уште во втората трка во 2018 година, Пјер Гасли заврши на четвртото место со Торо Росо, што во негово време е најдобриот резултат од враќањето на Хонда во Ф1. Како последица, успехот на Торо Росо го убеди Ред Бул да започне да ги користи и нив. Партнерството се покажа успешно: три победи, а во 2020 година тимот се надева дека ќе се бори за шампионската титула.

Остани поврзан