Оддадена почит пред споменикот на загинатите припадници на поранешна ЈНА кои потекнуваа од државава
- Делегации од Владата, од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Министерството за одбрана и од државни институции денеска положија цвеќе и оддадоа почит пред споменикот „Мајкино скршено крило“ на плоштадот „Слобода“ во Скопје, по повод 17-годишнината од промовирање на спомен-обележјето на загинатите припадници на поранешната ЈНА кои потекнуваа од нашата држава.
Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - Делегации од Владата, од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Министерството за одбрана и од државни институции денеска положија цвеќе и оддадоа почит пред споменикот „Мајкино скршено крило“ на плоштадот „Слобода“ во Скопје, по повод 17-годишнината од промовирање на спомен-обележјето на загинатите припадници на поранешната ЈНА кои потекнуваа од нашата држава.
Прес-службата на Владата информира дека владината делегација ја предводеше Драган Василевски, советник за одбрана на премиерот Димитар Ковачевски.
-На настанот, организиран од Здружението на воени инвалиди и загинати од Македонија 91/92, пред споменикот „Мајкино скршено крило“ положија цвеќе и членови на семејствата на воените инвалиди, членови на семејствата на загинатите од воениот конфликт при распадот на СФРЈ, како и делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, од Министерството за одбрана и од државни институции, информира владината прес-служба.
Во воениот конфликт на просторот на поранешната СФРЈ, наведува Владата во соопштение, загинаа 54 граѓани кои потекнуваа од нашата држава.
-Настрадаа на просторите на поранешна Југославија за време на војната во 1991/92 година и ги положија своите животи, извршувајќи ги своите уставни и законски должности, соопшти Владата. хс/са/
Фото: Влада на Република Северна Македонија