• понеделник, 23 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
21 јануари 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 јануари. Денеска е Преподобен Георгиј Хозевит. Овој Георгиј се роди во Кипар во втората половина на четвртиот век. Уште многу млад поминуваше долго време читајќи го Новиот завет и набргу во него се разгоре силна љубов кон монашкиот подвиг, па зедно со брат му Хераклид замина за Палестина. Во Палестина свети Георгиј се подвизуваше во Хозевскиот манастир крај Ерусалим (место по кое го доби и името Хозевит), како и во лаврата Каламон на реката Јордан. Се прослави како голем подвижник, молитвеник и чудотворец. Блажено се упокои во 625 година. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Јања. Пораснала во богата патрицијска фамилија. Уште во раната младост почнала да верува во Христос и се заколнала дека нема да се мажи. Префектот на градот Рим и понудил да му биде жена на неговиот син, но Јања одбила. Бидејќи била христијанка, тоа се сметало за злосторство против државниот префект. Била изведена пред суд и умрела маченички во 304 година, за време на прогонствата на Диоклецијан. Јања е заштитничка на девојките и многу од нив, одушевени од нејзината невиност, го посветиле нивниот живот на Исус. ###

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан