• среда, 27 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
19 октомври 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 октомври. Денеска е Св. апостол Тома. Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, но на малку луѓе им е јасно дека се работи за сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител. Во личноста на неверниот Тома го видоа симболот на сомнежот во Христовото воскресение, зашто секое неверување на секој еден човек во крајна линија е неверување во Христовото подигање од мртвите. Она што му е уште помалку познато на нашиот народ е дека неверувањето на истиот Тома, Господ го искористи за да се потврди пред целиот свет реалноста на Неговото воскресение. Да се потсетиме дека апостол Тома ги стави прстите во Христовите рани и ја опипа реалноста на живото тело, истото тело кое претходно умре на крстот. Подоцна, кога апостолите се распрснаа по целиот свет да го проповедаат Евангелието, на свети Тома му падна да отиде во Индија. Таму пострада маченички и со тоа уште еднаш, и сега најасно, ја посведочи својата вера во воскреснатиот Спасител. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Иван Бебребеуф и неговите маченици. Иван е роден во Франција, во почетокот на седумнаесеттиот век. Неговите биографии истакнуваат дека со другарите свештеници од Франција, проповедал меѓу дивите племиња Бирокези, Ирокези и Хурони во Северна Америка. Во тешки услови, гладни и сиромашни, т.е. во клима на која тешко се приспособувале, им го проповедувале на народот Евангелието. Неверниците биле убиени. По нивната смрт, нивните наследници го покрстиле населението на Северна Америка. Верниците им се молат за истрајност во добрите дела. ###

Остани поврзан