• вторник, 26 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
5 мај 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 април. Денеска е Преподобен Теодор Сикеот. Овој Теодор ја одбележи монашката историја на своето време. За него со право е речено дека неговиот подвиг го надминуваше подвигот на сите живи аскети од неговото време. Живееше во шестиот и седмиот век. Го нарекоа Сикеот зашто потекнуваше селото Сикеа, во малоазиска Галатија. Во неговиот дом живееше еден старец, Стефан, од кого Теодор се научи уште како десетгодишно момче на строг пост и ноќно бдеење. Потоа, природно, подвигот го продолжи во манастир, а подоцна беше избран за епископ на градот Анастасиопол. По 11 години тој повторно се повлече во манастир, каде и го заврши земниот живот. Во текот на животот беше познат како молитвеник и исцелител. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Готард. Бил роден во 1960 година, во Рикерсдорф. Кога станал бискуп и им помагал на сиромашните и болните луѓе. Ги посетувал во нивните домови. Во бискупијата изградил неколку цркви. Умрел во 1038 година. ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР Времето за ифтар и суфур Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19 часот и 43 минути, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 3 часот и 29 минути. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна. ###

Остани поврзан