• вторник, 26 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
20 април 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 април. Денеска е Преподобен Георгиј Мелитински. Преподобниот Григориј беше уште едно од светилата што застанаа во одбрана на почитувањето на иконите за време на царувањето на Лав Ерменецот. Тој ја поднесе истата судбина како и останатите негови едномисленици, односно заради отвореното противење на еретичката волја на императорот беше отстранет од својата епископска катедра во градот Мелетина и протеран на Херсонез, каде и го заврши својот земен живот. Тоа се случи во 816 години. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Агнеза од Монтепулциано. Света Агнеза е родена во местото Грачиана Векио во Италија во втората половина на дванаесеттиот век. Во младоста, таа се одлучила да живее свештенички живот. Умрела во 1317 година. Света Катериба Сијенска, голема мистичарка во 1377 година, заминала во Монтепулциано да им оддаде почит на реликвиите на света Агнеза. Таа ја нарекла: „наша мајка, славна Агнеза" и ги повикала луѓето да ја наследат, бидејќи таа била "пример на вистинска покорност". ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР Времето за ифтар и суфур Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19:26 часот, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 3 часот и 58 минути. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна. ###

Остани поврзан