• понеделник, 23 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
23 јануари 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 јануари. Денеска е Св. Григориј Ниски. Свети Григориј потекнува од едно благочестиво христијанско семејство, какви ги има ретко во историјата. Родителите на свети Григориј имале многу деца, од кои неколкумина подоцна се прославија како светители. Во тоа семејство беа родени и свети Василиј Велики и преподобна Макрина. Свети Григориј живеел во четвртиот век. На свои 40 години станал епископ на градот Ниса. Тој е еден од тројцата големи кападокијци, заедно со постариот брат Василиј и со свети Григориј Богослов. Бил голем и плоден писател, философ и богослов. Блажено се упокоил во 394 година. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Моќ на Пресвета Девица, Мајка на единството. На 12 февруари 1700 година, еден француски трговски брод, враќајќи се, од Лисабон во Ле Хавр кај 'ртот Финестере, бил зафатен од невреме. Бродот ги загубил своите потребни предмети. Во тој безнадежен час, еден морнар извикал: "Се законуваме во нашиот Празник за Ослободување! Целата посада го прифатила предлогот, освен тројца меѓу кои бил и капетанот на бродот, кој изјавил: "Ако света Марија не спаси, јас ќе верувам во неа". Празникот ги спасил од смрт, морето се смирило и тие пристигнале на својата цел. Првата грижа на овие тројца морнари била да го исполнат заветот, а потоа станале католици. ###

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан