Од верските календари
- 17 јуни 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 јуни. Денеска е Св. Митрофан Цариградски.
17 јуни 2022 (МИА)
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 јуни.
Денеска е Св. Митрофан Цариградски.
Свети Митрофан Цариградски беше современик на императорот Константин Велики. Инаку, тој управуваше со Цариградската црква во тек на 10 години. Кога се одржуваше Првиот вселенски собор во 325 година, тој беше на возраст од 117 години. Овој собор на епископи, по желба на царот кој многу го почитуваше и љубеше старецот, му ја даде на свети Митрофан титулата патријарх, па така тој стана прв цариградски патријарх. Свети Миторофан се упокои во мир 10 дена по завршувањето на соборот, во 325 година.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Гргур Барбаринго.
Бил роден во 1625 година, во Венеција. За сериозноста на неговиот верски живот говори фактот, дека кога бил дете станувал навечер и се молел. Бил талетиран и учел математика и картографија. Свети Гргур почувствувал дека Господ го повикува во својата служба за спасување на луѓето. Станал свештеник, а потоа и бискуп. Своите должности ги извршувал совесно. Умрел во 1697 година.