• сабота, 28 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
10 август 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 јули. Денеска е Св. апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен. Овие се четворица од ѓаконите на првата, Ерусалимската црква. Се празнуваат заедно, за разлика од свети Стефан и Филип кои имаат посебни денови. Седмиот ѓакон Николај не влезе во редот на светителите поради неговата груба ерес. Инаку, Прохор беше заедно со свети Јован Богослов на Патмос, каде го запиша Откровението. Подоцна ја управуваше црквата во Никомидија. Пострада маченички од јазичниците. Никанор беше убиен од јудејците при првиот прогон на христијаните во Ерусалим. Тимон беше епископ во некој арабиски град, а исто така пострада маченички, распнат на крст. Пармен се упокои мирно пред очите на апостолите. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Ловро. Бил ѓакон во Римската црква. Бил измачуван за време на прогонствата на Валеријан, четири денови по измачувањата на папата Сиксто Втори и четворица римски ѓакони. Гробот на свети Ловро се наоѓа на улицата Тибуртина, во Веранското поле во Рим. Покрај неговиот гроб царот Константин Велики изградил базилика. ###

Остани поврзан