• среда, 27 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
21 февруари 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 февруари. Денеска е Св. великомаченик Теодор Стратилат. Свети Теодор живееше и пострада во четвртиот век, кога управата во Рим беше поделена на царевите Константин и Ликиниј. Последниов владееше со источниот дел. Во тоа време Теодор, прочуен по својата мудрост и храброста, беше војвода на градот Ираклија. Сакајќи да го погуби, безбожниот Ликиниј дојде во Ираклија и на плоштадот на градот побара војводата да положи жртви пред идолите што самиот си ги имаше донесено. Свети Теодор го одложи жртвувањето за два дена, за време на кои ги раскрши златните и сребрени идоли и ги раздаде на сиромашните. Кога Ликиниј дозна за тоа го стави војводата на големи маки и најпосле му ја отсече главата. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Петар Дамиани. Роден е во Равена, во 1007 година. Тој бил еден од најпознатите црквени писатели во единаесеттиот век и еден од најголените учесници на таканаречената предгргуровска црквена обнова, која претходела на реформите на свети Гргур во седмиот век. Тој во времето на римските бискупи помагал во обновата на црквата. Папата Петар Деветти го поставил за кардинал и бискуп на Остија. Умрел во Фаенза, во 1072 година. ###

Остани поврзан